Таксист нападнат во Дебар Маало

Скопјанец во саботата ноќта бил физички нападнат од четири лица на улицата „Наум Наумовски-Борче“.

Од полицијата информираат случајот бил пријавен во текот на вчерашниот ден.

Ѓ.М.(53) од Скопје пријавил дека додека стоел до неговото такси возило, физички бил нападнат од четири непознати лица.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.