Таан – моќна паста која ги ублажува симптомите на менопаузата, го намалува крвниот притисок и помага во намалување на килограмите

Таанот е здрава и хранлива паста од сусам која се додава во многу јадења за да се подобри вкусот. 

Тој помага во одржување на хормонската рамнотежа и јакнење на имунолошкиот систем.

Го нормализира крвниот притисок

Содржи антиоксиданти и калиум, кои придонесуваат за подобрување на липидниот профил и со тоа го намалуваат крвниот притисок.

Го намалува нивото на лош холестерол

Ова се случува благодарение на присуството на фитостерол во пастатата.

Го поттикнува намалувањето на килограмите

И покрај тоа што 100 гр. таан содржат 595 калории, ова е моќен производ кој помага во борбата против прекумерната тежина, бидејќи содржи здрави масти.

Ја стимулира работата на мозокот

Поради присуството на манган, калиум како и омега 3 масни киселини, таанот придонесува за развој на нервното ткиво, подобрувајќи го помнењето, концентрацијата и фокусот, истовремено забавувајќи ги дегенеративните процеси во нашето тело.

Го намалува стареењето на кожата и ги спречува акните

Поради цинкот, таанот ја чисти кожата одвнатре. Се препорачува редовно конзумирање за здрава и свежа кожа.