Таа е силна, но тоа не значи дека не страда во тишина

Понекогаш животот е тежок. Понекогаш се случува сите работи во нашиот живот да тргнат наопаку. Понекогаш таа знае дека не може да издржи уште еден удар, но сепак ете го животот повторно замавнува во нејзина насока.

Таа нема веќе солзи за плачење, но ете ги сѐ уште течат по нејзиното лице. Има моменти кога е толку многу истоштена што делува невозможно уште нешто да има во неа, но сепак излага дека има. Уште солзи. Уште болка. Уште мисли. Уште мизерија.

Таа не јаде, не спие, не прави ништо, само постои. Таа не смее да дозволи надворешниот свет да ја види во таква состојба. Па затоа, секое утро, станува, се дотерува, става насмевка на лицето и излегува и ја игра својата улога.

Па, така, сите гледаат една насмеана, позитивна, харизматична девојка. Таа има пријатели, семејство, таа има смисла за хумор, таа е убава, таа е сѐ што луѓето очекуваат да биде.

Но, нејзината душа е распарчена од неверојатната болка и рани. Но, тие не смеат да го знаат.

Да, сите знаат дека има поминато низ секакви периоди. Таа беше силната девојка која издржа, издржа како шампион и ништо не може да ја сруши. Но, не знаат дека со ноќи не може да спие, дека заспива со солзи, дека едвај станува од кревет.

Не е лесно да се биде силна девојка. Не е лесно да се биде девојката „без чувства“. Девојката која може да издржи сѐ. Девојката која во своите четири ѕида се мрази себеси повеќе отколку што ги мрази оние кои ја повредиле. Длабоко во себе таа знае дека треба да биде посилна отколку што е, посилна од нив, посилна од болката. Таа треба да биде силна онака како што другите мислат дека е. Но, не е. Слаба е. Се измачува себеси, своето тело и својата душа.

Има неколкумина кои ја имаат видено како паѓа и како повторно се враќа во игра. Играта на животот. Играта да биде совршена. Совршена ќерка. Совршена мајка. Совршеното убаво лице кое сите очекуваат да го видат. Кога не е совршена, никој не знае како да биде околи неа. Таа уште од мали нозе го научи ова. Мора да биде. Ако не е совршена, тогаш која е таа?

Таа си го казнува сопственото тело за мааните. Таа мора да биде без ниту една маана, како што очекуваат сите. Но, таа во огледалото и во својот ум го гледа само најлошото кај себе.

Таа предизвикува хаос на своето тело за да избега од хаосот во нејзината душа. Ќе направи сѐ за да не размислува на ништо и да ги стиши своите мисли.

Таа е девојката која исчезнува пред твоите очи. Но, ти не го гледаш тоа, затоа што таа знае совршено да ги крие тие работи.