СЗО: IQOS уредите не се помалку штетни од стандардните цигари

Намалената изложеност на тутун во дел од производите кои се пласираат на пазарот не ги прави безопасни или пак помалку штетни за здравјето на граѓаните. Ова во соопштение до медиумите го истакна Светската здравствена организација директно посочувајќи го простот на iqos уредите кои на пазарот се промовираат како поздрава замена за цигарите кои имаат помалку штетно влијание на здравјето.

СЗО во соопштението ја искористи можност да ги потсети земјите кои се членки на Рамковната конвенција за контрола на тутунот на СЗО за нивните обврски согласно конвенцијата. Загреаните производи од тутун се производи од тутун, што значи дека оваа рамковна конвенција целосно се применува и на овие производи,  велат од Светската здравствена организација.

Во соопштението објавено од СЗО се вели дека кај уредите кои се замена за стандардните цигари има помало присуство на одредени аеросоли во споредба со стандардните цигари, но истражувања покажуваат дека во друга група на аеросоли состојбата е спротивна. Сите производи од тутун преставуваат ризик за здравјето и во таа насока Светската здравствена организација побара целосно спроведување на рамковната спогодба за контрола на тутунот.

Реакцијата од Светската здравствена организација доаѓа како одговор на одлуката на американската Агенција за храна која на почетокот на овој месец донесе одлука со која се дозволува рекламирање на овие производи на пазарот во САД. Но при по донесувањето на оваа одлука тие изјавија дека таа не значи дека овие производи се помалку штетни за здравјето од стандардните цигари.