Светската премиера на филмот „Мajка“ на Теона Митевска на Меѓународен филмски фестивал во Венеција

На 81. Меѓународен филмски фестивал во Венеција вчера, се одржа светската премиера на филмот „Мajка“ (Mother) на Теона Стругар Митевска, соопшти Агенцијата за филм.

Како што се наведува во соопштението, филмот ја отвори престижната програма „Хоризонти“ (Orizzonti) на фестивалот, која е посветена на најновите авторски и уметнички тенденции во светската кинематографија.

„Мајка“ е инспириран од животот на Мајка Тереза, прикажувајќи ја Калкута во 1948 година, во моментот кога таа ја носи клучната одлука да го напушти манастирот и да се посвети на сиромашните.

Филмот, се наведува во соопштението, е копродукција на Македонија, Белгија, Шведска, Данска и Босна и Херцеговина. Во главните улоги настапуваат светски познатите актерки Нуми Рапас и Силвија Хукс, заедно со Никола Ристановски, Лабина Митевска и други.