
Наближува голем празник кај православните верници, кој е многу почитуван и славен кај македонскиот народ. На 19. декември, поточно утре, се слави Светиот Чудотворец Никола.
Свети Никола е роден во Патара, во малоазиската покраина Ликија. Неговите родители, Теофан и Нона, биле познати и богати, но и побожни, милостиви луѓе. Тие биле бездетни и дури во поодминати години Бог им дал син единец- малиот Николај.
Од самото раѓање детето покажувало голема приврзаност кон Бога и кон Неговите светињи. При кршевањето, во кршталницата три часа стоел сам, без ничие придржување, што ја наговестувало неговата ревност во исповедувањето на името Божјo. Исто така, во среда и во петок го одбивал мајчиното млеко до заоѓањето на сонцето. Родителите се чуделе на тоа и му предвидувале строг испоснички живот, каков што св. Никола и навистина водел.
Го знаете ли преданието за спасувањето на трите сестри од страна на Свети Никола.
Еден човек кој имал три ќерки, многу осиромашил. Немале пари ни да се прехранат. Па начекувајќи го во мака, ѓаволот му дал нечисти помисли на сиромавиот, па тој се спремил да ги предаде на разврат своите три ќерки за да би се прехраниле.
Свети Никола како вистински пастир на своето стадо ја разбрал намерата на родителот и решил да ги спаси своите духовни чеда од пропаст. Ноќта без никој да знае фрлил преку прозорецот заврзано крпче со пари. Таткото многу се зарадувал. Се откажал од лошата намера и со овие пари ја омажил својата прва ќерка.
По извесно време во неговата куќа повторно Свети Никола им фрлил пари. Со нив ја омажил и втората ќерка. Но тој сакал да дознае кој е неговиот добротвор. И кога светителот дошол и трет пат да фрли пари за третата ќерка, таткото го препознал, тој сватил дека е Свети Никола е тој кој ги спасил од срамот, а неговите ќерки од развратниот живот.
Паднал пред нозете на Никола и со солзи во очите му благодарил со зборовите:
“Ако не беше те пратил Господ да не спасиш, јас не можев да одолеам на искушенијата, ќе паднев во грев и ќе ја жртвував честа на моите ќерки.”