
На социјалната мрежа „Х“, профилот со псевдоним „Хипокризија“ сподели сведоштво кое, покрај тоа што ја враќа вербата дека во Скопје има граѓани кои сè уште чувствуваат вина доколку бидат гласни и би им пречеле на соседите, ја враќа вербата и дека сè уште постојат млади кои се заинтересирани за традиционалните музички инструменти и народната музика.
Преку две објави, оваа „твитерџика“ раскажува како додека пешачела по булеварот 8-ми Септември слушнала тапан, а кога се приближила здогледала мајка и дете, за кое вели дека било на возраст од 14-15 години.
Раскажува дека им рекла колку срцето ѝ било полно кога ќе видам дете да свири на тапан, на што мајката ѝ одговорила дека детето одело на играорна и дека земале приватни часови тапан, но бидејќи живееле во стан и да не им сметаат на соседите доаѓале тука за да вежба.
„Очи полни солзи! Пешачиме по бул. 8ми Септември и слушам тапан. Како се пруближуваме мајка и синче (14/15 год) седат на клупа на улица и детево свири на тапан. Како ме дал овој горниот им одам и велам: - Колку ми е срцево полно кога ќе видам дете да свири на тапан! Мајка та ми вели: - Оди на играорна, зема приватни часови тапан, таоанот го купивме од Берово. Живееме во стан и да не им сметаме на соседите доаѓаме тука да вежба.Очиве ми се наполнија со солзи. Дете златно, или го имаш тоа во себе или го немаш!“, сведочи „Хипокризија“ во двата „твита“.
Мајка та ми вели:
- Оди на играорна, зема приватни часови тапан, таоанот го купивме од Берово. Живееме во стан и да не им сметаме на соседите доаѓаме тука да вежба
Очиве ми се наполнија со солзи.
Дете златно, или го имаш тоа во себе или го немаш!— Hipokrizija (@thunderstrack9) June 9, 2026