Свадбите и невакцинираноста се главните причини за зголемената смртност во градовите низ Македонија, вели професорот Трајковски

Професорот Дејан Трајковски во својата последна анализа прави споредба помеѓу бројот на починати и вакцинирани по градови во Македонија. Бројките и статистиката која тој ја објавува, според неговиот фејсбук статус говорат дека граѓаните од Кавадарци успеале со висока стапка на вакцинација да ја намалат смртноста од Ковид 19, додека пак струмичани со мај број свадби во изминатиот период успеале да го направат тоа.

Кавадарци, со 61% опфат со вакцинација, е најголемиот добитник, односно со толкав опфат тие практично го сопреле умирањето од ковид-19 во летниот бран. Таму практично ја достигнале британската стапка на морталитет. Најголемиот губитник е Гостивар, каде морталитетот е цели 30 пати поголем отколку во Кавадарци. Резултатот воопшто не е изненадувачки, затоа што Гостивар има најниска, а Кавадарци највисока стапка на вакцинираност (29,6% наспроти 61%), вели Трајковски во својот статус.

Според анализата на професорот градот кој изненадува е Струмица, каде и покрај релативно малиот опфат со вакцинација, морталитетот 3 пати понизок отколку во Гостивар.

Јасно е дека изложеноста на вирусот таму била помала, односно немало толку многу свадби, додава Трајковски.

Нормално, секој со својата памет самиот ќе извлекува заклучоци и ќе одлучува за себе, заклучува тој во својата фејсбук објава.