Свадби, сунети, родендени, но и „дожд“ од куршуми над Бутел

Свадби, сунети, родендени, но и „дожд“ од куршуми над скопски Бутел.

Имено неколку дена наназад од скопските населби Чаир и Бутел се слушаат рафални истрели од автоматско оружје кое патем во Македонија е забрането да се поседува.

Но при истрелите, истите тие куршуми мора негде да паднат, еден од испуканите проектили паднал во дворот на една куќа во скопски Бутел и ја пробил задната шофершабјата од автомобилот кој се наоѓал во дворот од семејната куќа.

Сопствениците на автомобилот во тој момент биле во дворот, а околу куќата имало и мали деца кои си играле на улицата.

На 13.08.2020 во 07.30 часот во СВР Скопје, Д.З. од Скопје пријавил дека во дворот од куќата на ул.„Петар Манџуков“ пронашол зрно од огнено оружје кое причинило оштетување на задното ветробранско стакло од патничко возило „хонда“, сопственост на неговата ќерка. Полициски службеници извршиле увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во изминатиов период во неколку скопски општини се случуваат групни прослави со истрели од автоматско оружје, а МВР и оделот за оружје НТ се уште нема информации кој поседува ваков калибар на оружје.

Според ЗКП поседувањето на автоматско оруже е кривично дело и за истото следи затворска казна.