Суво и топло време денеска, во Скопје утринска магла

Времето претпладне ќе биде со појава на магла или ниска облачност по одделни котлини.

Во текот на денот сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени, јавува УХМР.

Во Скопје претпладне со појава на магла или ниска облачност, преку денот сончево и тивко со умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.

Во наредните денови следува период на променливо облачно и претежно тивко време со појава на магла и ниска облачност по одделни котлини. Од среда кон крајот на денот и во следните денови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег.