Суспендиран е возачот во ЈСП кој физички нападна патник

Од ЈСП Скопје информираат дека веднаш презеле мерки за расчистување на инцидентот кој се случи вчера вечерта во возило на ЈСП на линија 24 помеѓу возачот и патник, при што од видео снимките од возилото е утврдено дека возачот физички го нападнал патникот.

Денеска, изготвено е решение за суспензија на возачот и покрената е процедура за преземање на соодветни законски мерки за извршениот престап на работното место, информираа од претпријатието.