Суперпродавницата „Литература.мк“ е локација наменета за љубителите на добрата книга и вкусното кафе

Најголемата книжарница во Македонија, суперпродавницата „Литература.мк“, е лоцирана на вториот кат од трговскиот центар „Скопје сити мол“ каде на површина од 500 квадратни метри може да се најдат различни книги (од белетристика, стручна литература па сè до учебници), канцелариски, училиштен материјал или, пак, подароци и рачни изработки, како и голема кафетерија во која може да се вкуси италијанско кафе. Просторот премиерно ги отвори вратите во мај годинава со концерт на гитарскиот виртуоз Влатко Стефановски и неговото трио, кој се пренесуваше онлајн поради пандемијата со Ковид – 19. Но, во септември се одржа и циклус на мини астро-концерти од домашни изведувачи, проект поддржан од Делегацијата на Европската унија. Настанот го отвори евроамбасадорот во нашата земја, господинот Самуел Жбогар, а настапија: групата „Љубојна“ како квартет, вибрафонистот Антоние Весковски, триото „Тринити Стрингс“, џез-дуото Марија Димитријевиќ и Гордан Спасовски, босанова триото на Јани Костурски, Ѓоле Грујовски и Маја Капсарова, како и најновата, но неверојатно моќна дуетска формација на Дориан Јовановиќ со вокалистката на „Чалгија саунд систем“, Добрила Грашеска. Сите овие 20-минутни концертни „мињони“ се снимени со врвен квалитет од страна на продукцијата „Мунлајт“ и се објавени на јутјуб-каналот на „Литература.мк“.

Во Literatura.mk Superstore може да се најдат светските книжарски трендови, а како и останатите книжарници „Литература.мк“, така и новата суперпродавница ја збогатува понудата на македонската книжевна сцена со најбараните светски и домашни наслови од „Арс Ламина“ и останатите издавачки куќи кај нас. Застапен е голем избор од белетристиката, книжевност за деца и стручната литература, на македонски, албански, англиски, германски и на француски јазик. Во архитектонски модерно дизајнираниот простор се наоѓаат повеќе содржини: канцелариски материјал, школски прибор, дидактички и едукативни и изданија, но и помагала за уметност и дизајн, како и рачни изработки. Посебен акцент е ставен на гифт-програмата, во која покрај производите од добро познатиот бренд „Скрипти“ (нотеси, планери, чаши, маички, картички магнети и друго) може да се најдат и луксузни подароци, дизајнерски производи за во домот и за во канцеларија. Во овој простор има и широка понуда на играчки за деца, од 0 до 14 години, од реномирани светски брендови како: „Клементони“ (Clementoni), „Манопулос“ (Manopoulos), „Бонтемпи“ (Bontempi), „Коби“ (Cobi), „Креатив“ (Creativ), „Енџино“ (Engino), „Ви-кјуб“ (V-cube), „Италери“ (Italeri), „Анимал пленет“ (AnimalPlanet) и „Фор ем“ (4M).

Сепак, еден од најголемите новитети е кафетеријата која се простира на 60 метри квадратни од внатрешниот дел и 100 квадратни метри од терасата, каде што може да се дегустираат едни од најдобрите кафиња „Кафе Италија“ (Café Italia). Во кафе-книжарницата, има три типа на специјално кафе Бурундu, Бразил и Етиопија, брендирани како Café Literatura. Инаку, „Кафе Италија“ e добро позната компанија за печење кафе од Фијано, северно од Рим. За љубителите на доброто eспресо тука се: Леонардо, Карусо, Микеланџело, Марко Поло, Бурундu, Бразил и Етиопија, макијато и капучино Марко Поло, капучино со бејлис, виенско капучино, ракијато, ајриш кафе, афогато карамел, еспресо портокал, aфогато бејлис и нескафе и коктели од кафе. Исто така, може да се набави и пакување од специјално Café Literatura и од Café Italia. Секако, застапени се и коктелите хемингвеј специјал, москов мјул, битвин д шитс и многу други или пак смутиња како (вери-бери, пинат батер, чоко смути и супер фуд смути). Посетителите може да уживаат и во топли напивки, безалкохолни пијалаци, избрани брендови на алкохол и селекција на квалитетни вина.

Ова е седма книжарница „Литература.мк“, по продажните места на улицата „Македонија“, во ТЦ „Рамстор“, „Веро центар“, Градски трговски центар (ГТЦ) и ТЦ „Буњаковец“ во Скопје и на „Широк сокак“ во Битола. Воедно, до 20 октомври во сите овие локации ќе има промоција на голем избор училиштен прибор, тетратки за пишување, хамери, глобуси и сѐ што може да им помогне на сите ученици на најкреативен и најзабавен начин да ги совладаат новите знаења во оваа учебна година. Издавачката куќа „Арс Ламина“ ќе продолжи да ги изненадува посетителите на Superstore Literatura.mk (како и на останатите книжарници) со своите новитети.