Суперхикс вечерва на „Виноскоп 2022“

Вечерва, тред ден од „Виноскоп“ - фестивалот кој ги обединува скопјани, но и гостите во градот со добра музика и добро вино. 

Вчеравечер гостите имаа можност да уживаат во дегустацијата на вино од богатата понуда од винариите, и се разбира во добра музика.

Вечерва на репертоарот се DNK UNPLUGGED, ФИЦ и Суперхикс. 

Организаторите ве покануваат на градскиот плоштад на добра музика од домашните изведувачи и бендови, а за убавото расположение ќе придонесат и македонските винарии кои што ќе ги зачинат музичките звуци со прекрасните македонски вина.