Супер вкусни оброци за подобро здравје и повеќе уживање (фото)

Одлични вегетаријански рецепти:

Чоколадни компирчиња

Состојки:

  • 300 г колачиња
  • 1 чаша лешници
  • 1/2 чаша шеќер
  • половина чаша млеко
  • 2 кафени лажички какао
  • 150 г путер

Начин на подготовка: Колачињата и лешниците толчете ги сè додека не се претворат во прав. Потоа, во друг сад сипете ги млекото, шеќерот и какаото. Ставете ги на оган и мешајте сè додека состојките не се соединат, односно растопат во млекото. Додадете го и путерот и продолжете да мешате, без пауза. Откако сето тоа убаво ќе се свари, тргнете го од огнот и оставете да се излади. Во изладената смеса додадете ги истолчените колачиња и лешници, промешајте уште еднаш и почнете да правите топчиња во облик на компирчиња, кои можете да ги јадете веднаш.

Ќофтиња од сладок компир

Состојки:

  • 2 слатки компири
  • 120 г брашно
  • 1 ½ кафено лажиче ситно мелен ким
  • 1 ½ кафено лажиче ситно мелен коријандер
  • 2 китки свеж коријандер (ситно исецкани)
  • сок од пола лимон
  • 2 чешниња лук (излупен и исецкан)
  • сол и црн пипер
  • сусам
  • хумус и спанаќ (по желба)

Начин на подготовка: Ставете ги компирите во рерна и печете ги на 220 ˚C, околу 45 минути. Откако ќе се испечат, оставете ги да се изладат, па излупете ги и исечете ги на парчиња. Заедно со сите останати состојки, ставете ги во длабок сад и убаво испасирајте ги. Смесата треба да биде леплива. Ако е премногу течна, додадете уште малку брашно. Зачинете со сол и црн пипер. Потоа од смесата формирајте мали топчиња и поросете ги со сусам. Печете ги 15 минути, на температура од 200 ˚C, сè додека не добијат жолто-златна боја. Кога ќе бидат готови, сервирајте ги во топло пита лепче, во кое по избор можете да додадете хумус и спанаќ.

Супа од брокула

Состојки:

  • 1 брокула
  • 1 лук
  • 1 француски кромид
  • маслиново масло
  • вода
  • сол и мелен црн пипер (по вкус)
  • павлака (не е задолжителна)

Начин на подготовка: Излупете ги лукот и кромидот и заедно со брокулата исецкајте ги на парчиња. Ставете ги во длабоко тенџере во кое ќе ги додадете и маслиновото масло, водата (отприлика), солта, црниот пипер. Ставете ја течноста на оган и варете ја мешајќи повремено. Проверете дали е доволно зачинета. Откако ќе се свари, тргнете ја од огнот и ставете ја во блендер. Блендирајте сè додека не добиете хомогена смеса. Супата сервирајте ја жешка, во комбинација со павлака.