Сунет и приватна прослава се оддржа во училиштето Крсте Петков Мисирков во скопска Гази Баба - Општината дала одобрение

Верски обред и приватна прослава се оддржале во основното Крсте Петков Мисирков во скопска Гази Баба. Ден по прославата, екпата на телевизија Алфа го посетила училиштето откако викендов била набркана од организаторите на сунет и прослава.

Сега, објавува Телевизијата, биле поприемчиви – извадиле документ со потпис на градоначалникот Борче Георгиевски за кој велат дека е дозвола за одржување на ваков вид на настани. Организаторите на прославата велат дека се чисти, дозвола си добиле и затоа таму го прославиле сунетот, а по завршување на прославата си го исчистиле и училишниот двор.

Од министерството за образование се уште молк, иако поминаа 24 часа од одржувањето на прославата, надлежното министерство изглеа не го регистрирало ваквиот настан со потпис од градоначалникот кој дозволува приватни прослави во дворовите на образовните институции.

Ова не е прв пат во образовна институција да се извршува верски обред или приватна прослава. Пред само два месеца, во основно училште во Радовиш кое исто така го носи името на Крсте Петков Мисирков во училишната менза по повод верскиот празник Рамазан, Оџа вршеше верски обред пред почетокот на ифтарската вечера.