Уцениците од СУГС „Кочо Рацин“, општина Ѓорче Петров со пригодна програма го прославија својот патронат и 51 година од постоењето.
Мотото на годинешната прослава беше „Подадија својата рака“, а беше запознавање на директорите и учениците од основните училишта во општината Ѓорче Петров и општината Карпош со можностите и условите кои ги пружа ова училиште за запишување на ученици во учебната 2016-2017 година.
По тој повод гимназијата објави и конкурс за најубав расказ и стихотворба и најубаво ликовно дело. На овој конкурс учество зедоа ученици од општинските основни училишта. Воедно беа доделени и награди и признанија за најдобрите.
На прославата присуствуваше и градоначалникот на општината Сокол Митровски кој исто така е ученик во првите генерации на ова училиште.
Директорката на гимназијата Снежана Малцов му додели благодарница на градоначалникот Митровски.
Во своето обраќање тој истакна: Иако гимназиите се во надлежност на градот Скопје, јас како градоначалник на Ѓорче Петров и мојот почитуван градоначалник на градот Скопје Коце Трајановски ќе се залагаме за подобрување на условите за работа на нашата гимназија. Секогаш ќе бидам со вас во решавање на проблемите на кои наидувате во вашето работење затоа што во оваа гимназија учат наши деца. Горд сум што и јас бев ученик во првите генерации во оваа гимназија. Ви благодарам за признанието кое ми го доделивте и бидете сигурни дека во мене имате секогаш вистински пријател и подржувач.“
Учениците за крај приредија и модна ревија, а моделите беа изработени од рециклирачки материјал, ги изработија самите ученици . Беа прикажани 13 преубави модели кои измамија громогласни аплаузи од присутните гости.