Судир во центарот на Скопје: Возач не ја пропуштил Брзата помош која транспортирала пациент кон Клинички

На крстосницата на скопските булевари „Климент Охридски“ и „Митрополит Теодосиј Гологанов“ вчера попладне се случила невообичаена сообраќајна незгода во која учествувале автомобил и возило на Брзата помош, пренесоа медиумите.

Според очевидци, комбето на Брзата помош превезувало пациент на пат кон Клиничкиот центар и ја поминувало крстосницата со вклучени ротациони светла, но возачот на автомобилот „Пежо“ не му дал предност, односно не го пропуштил, по што дошло до судирот.

Нема информации за тоа дали некој е повреден во сообраќајката.

Увид на местото на настанот извршила екипа на МВР, а официјални информации за незгодата се очекуваат во текот на денешниот ден. 

Фото: Фактор