Судир на скопска раскрсница: 20-годишен мотоциклист е тешко повреден

20-годишен мотоциклист од Скопје е тешко повреден во вчерашната сообраќајна несреќа на скопска раскрсница. 

- На 08.04.2026 во 17:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Џон Кенеди“ и ул.„Дижонска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Ш.(41) и мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Е.Р.(20), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, известија од полицијата во дневниот билтен. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.