Судир на мотоцикл и товарно возило на булевар „Јане Сандански“

МВР информира за сообраќајката што се случи вчера во Скопје. 

-На 23.05.2022 во 08,00 часот на бул. „Јане Сандански“ во Скопје пред спортска обложувалница пријавено е дека се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „кивеј“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Д.(21) од Скопје, и товарно моторно возило „фиат добло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.М.(42) од Скопје, стои во полицискиот билтен. 

А.Д. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му се констатирани тешки телесни повреди, а на сопатничката од товарното моторно возило А.Т.(22) од Скопје и се констатирани повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.