Студено утро, денски со сончеви периоди

Времето утрово е студено, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност, поголема во западните делови.

Во одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен, а попладне на места засилен ветер од јужен правец, соопшти УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -2, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.

Во Скопје наутро студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне 7 степени.

В петок ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а за време на викендот во поголем дел од земјава ќе биде суво.

Врнежи на повеќе места повторно ќе има од понеделник. На планините и на некои повисоки места врнежите ќе преминуваат во снег.