Студено и умерено облачно време - од недела повторно дожд

Утрово ќе се задржи студено време со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот ќе биде умерено до значително облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Од недела под влијание на студена воздушна маса времето ќе биде претежно облачно со опаѓање на температурата на воздухот. Ќе има повремени врнежи, кои заради заладувањето во недела попладне и во текот на ноќта кон понеделник ќе бидат пообилни и ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места. На планините и на повисоките места ќе се формира снежна покривка, особено во западните делови.