За некои хороскопски знаци зимата не претставува никаков проблем. Еве на пример раковите едвај чекаат да дојде зима за да можат постојано да бидат дома без грижа на совеста. И така никаде не им се излегува и со задоволство би седеле дома да се излежуваат пред телевизор, завиткани во топло ќебенце со чаша чај во рацете.
Истото важи и за рибите. Без премногу напорќе ја поминат зимската хибернација. Понекогаш би го поминаче целиот ден во кревет за да не се соочат со реалноста на надворешниот свет, а за време на ладните месеци имаат изговор за тоа.
Јарец
Иако зимата би требало да биде нивна сезона, првата работа која припадниците на овој знак не ја сакаат е непредвидливоста на временските прилики во екот на зимските месеци. Насекаде околку нив магла, еднаш има снег и ладен северен ветар, наредно па некој јуѓен ветер што носи дожд. И како сега практичниот Јарец да испланира однапред кога не знае какво ќе биде времето?
Јарците сакаат да имаат контрола над се и сакаат да знаат што ги очекува во блиска иднина, а зимата на некој начин им ја одзема таа контрола. Не обожаваат ладно, но се премногу горди да го признаат тоа тресејќи се под десет слоја облека.
Лав
Лавовите некако и ќе го пребродат ладното време. Впрочем, зимата секогаш е добар момент малку да ја обноват гардеробата и да се „фрцкаат“ под слоевите облека. Она што навистина им смета е што поголем број од нивните пријатели се затвориле дома, а тие толку многу сакаат некаде да излезат. Им недостигаат излегувањата, дружењата, онаа летна спонтаност кога за две минути се договара попладневно кафе кое најчесто завшува со коктел и одење во диско.