Стружанец насилно ограбил сограѓанин во станбена зграда - еве што сѐ му одзел

Утрово во 05:40 часот во Струга, полициски службеници го лишиле од слобода М.М.(40) од струшкото село Радолишта.

Како што се наведува во полицискиот билтен, 40-годишниот М.М. бил уапсен затоа што во станбена зграда на улица „Партизанска“ во Струга, физички го нападнал Д.М.(40) од Струга, при што му одзел пари во разни апоени и мобилен телефон.

По целосно документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.