Струјата за граѓаните поскапува од 8% до 9%, пренесува АЛСАТ

Цената на струјата за домаќинствата од Нова година ќе поскапи максимум осум до девет отсто, дознава и пренесува Алсат од владини извори.

Владата денеска на седница прогласи кризна состојба во енергетиката која во сила во Македонија ќе биде во следниве 30 дена.

Со овој потег Владата може во државните енергетски компании да вбризга пари од буџетот.

Во касите на ЕСМ и МЕПСО ќе префрлат 65 милиони евра за набавка на скапа струја од увоз и одржување на ликвидноста.

Надлежните уверуваат дека рестрикции со користењето на електричната енергија нема да се случат.

-Сè со цел да загарантираме што пониски цени на електрична енергија за домаќинствата се прави разлика во делот на производството по мегават што може да го постигне ЕСМ и одлуката во делот на цената што ја носи владата која е 36,1 евра по мегават час во моментов, рече денеска Крешник Бектеши, министер за економија, денеска на прес-конференција.