Струјата по Нова година ќе поскапи за 20%?

Макеоднските граѓани од следната, 2022, година ќе плаќаат повисоки сметки за струја. Надлежните  сè уште не соопштуваат колку ќе биде растот на цената, а според неофицијални информации, како што, пренесе ТВ24, поскапувањето ќе биде за 20%

ТВ24 дознава производната цена на струја на ЕСМ од сегашните 36 евра најверојатно ќе порасне на 45 евра за мегават час. Еден од главните критериуми за формирање на цената за домаќинствата е токму производната цена на ЕСМ.   

Според инфромации на ТВ24 државната компанија ќе бара зголемување на цената на струја за дваесетина проценти, во дописот кој е адресиран до Влада дадени се различни пресметки, цени и количини - и што ќе значи секоја од нив финансиски.   

Зголемување ќе бара и државната МЕПСО но засега се уште анализираат. 

Македонија од 9-ти ноември и официјално е во енергетска криза. На компаниите досега им беа вбризгани 65 милиони евра за покривање на трошоците кои изминатиов период ги имаа. Надлежните најавија доколку е потребно ќе има и дополнителна финансиска помош.