Стрес и нервоза во време на корона: Овој чај помага да се ослободите од лошите чувства

Научно е докажано дека чајот има смирувачко дејство, но одредени чаеви се вистински пријател во смирување на нервозата и стресот. 

Чајот од маточина е одличен за смирување на нервите и против несоницата. Тој има седативно, анти-воспалително и анти-вирусно дејство.  Се препорачува за стресни состојби и особено е корисен во овој период кога сите се соочуваме со црни мисли и голема анксиозност. 

Освен тоа, маточината е одлична и за смирување на мачнините во стомакот, тегобите на гадење предизвикани од стресот, но и против надуеност на цревата. Маточината често се препорачува и кај послабите и анемични, но и уморни личности за подобрување на апетитот и подобрување на енергијата.