Стравот никому не донел ништо добро...

 

Еднаш ќе престанеш да се плашиш од студот. Секаков вид на студ. Едноставно се стоплуваш и живееш понатаму. И повеќе не можат да те предадат, навредат, да ти нанесат болка. Тоа може да го сторат кога се плашиш, а кога не се плашиш, не се случува. Веќе си го поминал најлошото и ништо повеќе не може да те изненади. 

Конечно сфаќаш дека животот почнува кога ќе престанеш да се плашиш. Повеќе не те плашат навредите, гневот, загубата, осудите, сплетките, идиотите, разделбите, осаменоста, предавството, дури ни смртта.

Стравот никому не донел ништо добро. Одземал половина живот на оние кои се плашеле, а не помогнал. Отсуството на страв ти ги отвора очите пред фактот дека незадоволството од тебе е проблем на незадоволните, разочарувањето – на разочараните, а критиката на критичарите. Нема никаква врска со тебе.

Може да водиш дијалог или нека ти зборуваат зад грб, далеку од тебе. 

Одбиваш да се плашиш.

Избираш да живееш.