Скопје се сеќава на поплавата во ноември 1962 година. Поплавени беа околу 5000 куќи. Поплавата беше предвесник на една поголема трагедија неколку месеци подоцна. На 26 јули 1963 година во 5:17 часот Скопје беше разурнато од земјотрес со 9 степени по меркалиевата скала (6,1 според рихтеровата сеизмичка скала). Под урнатините животот го загубија 1 070 негови граѓани, беа повредени над 4 000 граѓани. Повеќе од 90 отсто од зградите во градот беа урнати и над 20 000 граѓани оставени без покрив над главата.
Еве како изгледаше Скопје после првата катастрофа во 1962 г.
Повеќе фотографии на следната страна...