Страшна сообраќајка во Скопје: Во судир на две возила удрен и пешак, повредени три лица

На бул.„Никола Карев“ во Скопје вчера попладне се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(37) од Скопје и патничко возило „пежо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С.(26) од Скопје.

Од полицијата информираат дека при незгодата, патничкото возило „пежо“ удрило во пешак Х.Е.(43) од Скопје и паркирано товарно возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, кое се придвижило и удрило во бандера.

-По незгодата, С.С., Х.Е. и Џ.Б.(62) од Скопје, сопатник во патничкото возило „ауди“ биле пренесени во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“, каде на Х.Е. ѝ биле констатирани тешки телесни повреди, а на С.С. и на Џ.Б. телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила екипа на СВР Скопје. велат од МВР.