Страшна сообраќајна несреќа се случила вчера на автопатот А1, на делницата од клучка с.Прдејци до клучка с.Смоквица каде 56-годишна жена го загуби животот откако нејзиното возило излетало од коловозот.
„Патничко возило „шкода“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од В.К.(56) од Гевгелија, излетало надвор од патот. Од здобиените повреди на местото починала В.К., а смрт констатирал лекар од Медицински центар Гевгелија. Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа на ОВР Гевгелија. По наредба на обвинител телото на починатата било предадено на обдукција“, се вели во билтенот на МВР.