Страшна несреќа: Малолетничка итно пренесена на скопските клиники

Страшна несреќа се случила вчера околу 15 часот во Неготино, на крстосницата од улицата „Маршал Тито“ со улицата „Антигона“. Како што јавува полицијата, се случила сообраќајна незгода во која 50-годишниот Т.И. од Неготино, управувајќи возило „Мазда“ со неготински регистарски ознаки, удрил во тринаесетгодишна велосипедистка од Неготино.

Девојчето со возило на Итна медицинска помош е пренесено во Клиниката во Кавадарци каде и е констатирана тешка телесна повреда, поради која е префрлена во Клинички центар–Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од полицијата во Неготино.