Странците во Германија работат помалку платени работи и за помалце пари

Странците кои се вработени во Германија заработуваат многу помалку од домашните граѓани, според статистичките податоци.

Додека германските граѓани минатата година имале просечен приход од 3.509 евра бруто. пред оданочување и придонеси, таа вредност за странците била 2.614 евра.

Тоа се цели 895 евра или четвртина помалку. Во прашање не е просекот, туку таканаречената средна вредност, вредноста под и над, која е точно половина од целиот приход.

Разликата меѓу Германците и странците е особено драстична кога станува збор за новодојденците од Сирија, Авганистан или Еритреја кои заработуваат 1.475 евра помалку од локалното население.

Статистичките податоци ги објави Сојузната влада како одговор на парламентарната истрага од „Алтернатива за Германија“. Особено се забележува колку разликите се зголемија во претходните години – така што во 2010 година разликата беше 11,6 проценти (317 евра).

Разликата не може да се припише само на образованието бидејќи таа постои дури и кај неквалификуваните работници, странците добиваат 415 евра помалку од Германците.

Неквалификуваните работници од Србија и регионот заработуваат 208 евра помалку месечно, додека луѓето од бегалските земји имаат 657 евра помалку месечно.

Само 16 проценти од сите германски вработени работат во таканаречениот „сектор со ниски плати“, додека учеството на странците е 37 проценти.