Стопанска банка воведува новини: 20 денари надоместок за подигање готовина од шалтер

Стопанска банка АД – Скопје од 20.11.2017 година воведува надоместок за подигање на готовина во денари од шалтерите на банката.

Готовина е во висина од 20.00 денари по поединечно подигање на готовина од страна на клиентот без оглед на висината на подигнатиот износ.

 За детален увид во актуелните надоместоци клиентите може да се обратат во Филијалите на Банката, во Контакт Центарот на (02)3100-109 или на официјалната тарифа објавена на веб страната.