Стопанска банка воведува надоместок за плаќање режиски трошоци

Стопанска Банка АД – Скопје од 02.01.2018 година воведе надоместок за плаќање на режиски трошоци (струја, вода, парно греење и комунална хигиена) и други услуги од специјализирани добавувачи (телекомуникации, мобилна телефонија, кабелски оператори) на шалтерите на Банката.

Овој надоместок се однесува за плаќање на сметки/фактури на физички лица корисници на овие услуги, и тоа:

за плаќања од трансакциска сметка на клиентот во СБ, износ од 20 денари по поединечна сметка за режиски трошок или друга услуга од специјализирани добавувачи кои имаат отворено трансакциска сметка во СБ,

за плаќања со готовина на шалтерите на СБ, износ од 40 денари по поединечна сметка за режиски трошок или друга услуга од специјализирани добавувачи кои имаат отворено трансакциска сметка во СБ. 

За компаниите добавувачи на вакви услуги, кои немаат отворено трансакциски сметки во Банката, при плаќањето на нивните услуги ќе се применува делот од Тарифата кој се однесува на плаќања преку КИБС и МИПС од Тарифата за население и Тарифата за правни лица

Без надомест останува плаќањето на режиските трошоци и другите услуги од специјализирани добавувачи (на трансакциски сметки на добавувачите на такви услуги отворени во Стопанска Банка АД – Скопје) преку алтернативните i-bank канали или преку траен налог.

За детален увид во актуелните надоместоци обратете се во Филијалите на Банката, во Контакт Центарот на (02)3100-109 или на официјалната тарифа објавена на веб страната