„Стоп против питачење и злоупотреба на децата и нивното здравје“ - се бара од надлежните

Здружението „Градиме иднина“ – Скопје ќе достави до Владата Протокол за проектот „Стоп против питачење и злоупотреба на децата и нивното здравје“.

Протоколот , како што нааведуваат, откако ќе се достави до Владата треба на владина седница да се прифати и усвои и да се достави со владина одлука до сите државни институции и образовни установи да постапат по него против питачењето и злоупотребата на децата и нивното здравје.

Како што информираат од Здружението „Градиме иднина“ – Скопје, Протоколот ќе се достави до претседателот Стево Пендаровски, до амбасади, градинки, основни и средни училишта, донаторите на „Градиме иднина“, медиуми, општини, компании…

Од Здружението „Градиме иднина“ – Скопје посочуваат дека овој Протокол бил „оставен и чуван во фиока од 2010 година“ и додаваат оти сега очекуваат повратен одговор од државните институции. Според нив, државните институции треба да постапат по изработениот протокол и по законите во земјава. Најавуваат дека наскоро ќе закажат прес-конференција пред Владата.