Стојкоски на терен: Како општина ќе помогнеме за достојни услови за живот на нашите сограѓани кои останаа без куќа

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојковски, вчера излезе на терен кај семејство кое останало без покрив над глава и се заложи дека ќе помогнат да се реши нивниот проблем. 

-Потресна е животната сторија за чичко Бранко и неговиот син, лице со попреченост во развојот. Куќата во која живееле е уништена до темел во септември. Таа би била функционална само ако се изгради одново. За жал, тој изгубил сѐ што имал. Летото го поминувале во подрумските простории, а извесен период живеат кај роднини, напиша Стојкоски кој рече дека се заложиле да направат сѐ што можат за да најдат привремено сместување и достојни услови за живот, додека трајно не се реши проблемот.

-Општината ќе помогне и финансиски во рамки на програмата за помош на лица со социјален ризик. Делуваме и институционално. Веднаш испративме и допис до Центарот за социјални работи, преку кој посочивме дека има согласност од таткото за синот да биде сместен во интернатот на средното училиште каде што учи, со цел да добие значително подобра грижа и нега, ре Стојкоски. 

По објавата на градоначалникот, хуманите граѓани од оваа скопска општина се понудија да помогнат во обезбедувањето на нов дом за овој човек.