Стигна одлуката на Управниот суд до Судскиот совет: Дамева да биде вратена назад

На сапуницата што се случуваше изминативе месеци и дојде крај. Одлуката за враќање на разрешената Весна Дамева од претседател на Судскиот совет стигна од Управниот Суд.

Во вакви околности на Судскиот совет не му се оставени многу опции освен да постапат по одлуката во рок од 30 дена без право на жалба. Потресот кој се случи во едно едно од најголемите судски тела во државава датира од април минатата година каде заменикот на Дамева, Селим Адеми побара да се гласа за за нејзино разрешување. По разрешувањето, таа поднесе тужба до Управниот суд.

Ваквиот потег го разниша кредибилетот на Судскиот совет па дури и стигнаа критики од експертската јавност но и од ЕУ. Како реакција на случувањата во судот ЕУ испрати Оценска мисија каде се изготвија 40 препораки за подобрувањето на функционирањето на Судот.