Стевковски го прими уверението за градоначалник на Гази Баба, победи со околу 9.000 гласа разлика

Во 10 часот утринава, Општинската изборна комисија Гази Баба му го додели уверението за избран градоначалник на Општина Гази Баба, на новоизбраниот градоначалник Бобан Стефковски.

– Се заблагодарив на членовите на Општинската изборна комисија за професионално спроведениот изборен процес за градоначалник на Општина Гази Баба и посакав успешно спроведување и на вториот круг за избор на градоначалник на Град Скопје, пишува тој. 

Стефковски победи во првиот круг од локалните избори со освоени 17.910 гласа наспроти 8.804 гласови на својто противкандидат и досегашен градоначалник Борис Георгиевски од СДСМ и Коалицијата.