Стефковски се сретна со пливачот Александар Илиевски

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, оствари средба со професионалниот пливач Александар Илиевски. 

Александар Илиевски неодамна на 35.Охридски пливачки маратон го освои четвртото место.

Стефковски истакна дека со тоа Илиевски постигнал голем успех и достоинствено ја преставувал општина Гази Баба на маратонот,

-Покрај успехот на Охридскиот пливачки маратон, Илиевски во 2022 година бележи успеси и на натпреварувања во Канада, Преспа и Италија. Успехот на Илиевски е уште еден доказ дека општина Гази Баба е најспортската општина во градот Скопје. Општина Гази Баба и јас како градоначалник и во иднина ќе даваме силна поддршка на Александар Илиевски, бидејќи неговиот успех е успех за општина Гази Баба - напиша Стефковски на официјалната Фејсбук страница.