Стефковски: Се решава проблемот со водоснабдување на Раштак

Градоначалникот на Гази Баба извести за активност во Раштак, со што се решава проблемот со снабдување со вода.

Статусот го пренесуваме во целост:

Се решава проблемот со водоснабдувањето на Раштак!

Денес бев во посета на населеното место Раштак каде што завршија градежните работи и направената бушотина е поврзана со бунарите од кои населеното место добива вода.
Поставена е и потопна пумпа од докажано квалитетен европски производител и истата е спуштена на 60 метри

Завршија и градежните работи во кои се изгради нова водоводна линија од 350 метри.
Дополнително по скоро пет години повторно е ставена во функција пречистителната станица.
Изведувач на градежните работи е ЈКП Гази Баба.

Имајќи предвид дека е потребно да се обезбедат и нови капацитети на вода со ребалансот на буџетот обезбедивме нови средства за изградба на нова бушотина и нови пумпи.
Се интензивираат работите за решавање на водоснабдувањето на Раштак, а во следниот период ќе започнат градежните работи за подобрување на водоснабдувањето и на Брњарци.
Кога се работи со план и визија нема проблем за кој нема решение. Заедно со граѓаните продолжуваме да ја менуваме Гази Баба на подобро.