Стефковски обезбеди донација од летни обукви за дечињата од градинките во Гази Баба

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски денеска беше во посета на детската градинка „25 Мај“, каде што заедно со директорката ги поделија детските летни обувки.

Летните обувки се донација која ја обезбеди градоначалникот од општествено одговорна компанија за дечињата од двете детски градинки кои функционираат на територија на општина Гази Баба, „25 Мај“ во Ченто и „Детска радост“ во Автокоманда.

-Утрово бев во посета на детската градинка „25 Мај“, клонот „Пони“ во Хиподром каде заедно со директорката на дечињата им ги поделивме летните обувки кои се донација од општествено одговорна компанија од општина Гази Баба. Оваа донација ја реализираме за дечињата од двете детски градинки кои функционираат на територија на општина Гази Баба, градинките „25 Мај“ во Ченто и „Детска радост“ во Автокоманда. Детските насмевки, радост и среќа немаат цена. Среќен сум што со нашата постапка денес, успеавме барем на миг да бидеме причината за детската среќа. Продолжуваме и во следниот период да градиме партнерски однос со детските градинки, бидејќи наша обврска е да создаваме подобри услови за престој на дечињата во градинките, напиша Стефковски.