Стефковски на состанок со директорите на училиштата: Безбедноста на учениците на прво место

Градоначалникот на општина Гази Баба информираше дека утрово се одржал состанок со директорите на општинските основни училишта на територија на општина Гази Баба на кој се разговарало на повеќе теми. Градоначалникот напиша дека безбедноста на учениците, наставниците и целиот персонал вработен во училиштата е на прво место, токму поради тоа секој од директорите е задолжен за максимално почитување на протоколите за постапување во случај на пристигната дојава за бомба, како што беше случајот од минатата недела.

„Дополнително посочив дека е важно во континуитет да реализираме проекти за подобрување на условите за образование и воспитание на нашите деца, но и за подобри услови за работа на наставниот кадар. Образованието останува на врвот на приоритетите на мојот мандат, бидејќи успешното образование создава успешни идни генерации на силни индивидуи“, напиша Стефковски на социјалните мрежи.