Стефковски: Гази Баба ќе биде модерна и инфраструктурно развиена, општина гордост на Скопје

Новоизбраниот градоначалник на општина Гази Баба Бобан Стефковски денеска, откако и официјално ја презеде новата функција, најави дека ќе работи Општината да стане модерна, инфраструктурно развиена и гордост на градот Скопје.

– Ги повикувам граѓаните да се обединиме и заедно да ја градиме Општина Гази Баба. Промените ќе ги почувствуваме многу брзо, промени кои што ќе значат подобар, поквалитетен и подостоинствен за секој граѓанин на општина Гази Баба, рече Стефковски.