
Адреналин, природа и вистинска авантура во Скопска Црна Гора! Утрово имав прилика да се сретнам со членовите на здружението Off Road Napinjaci, кои втора година по ред го организираат караванското возење по патеките на Скопска Црна Гора, информираше градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.
„Ова е вистинско адреналинско off road доживување – спој на спорт, природа и дружење, кое го промовира активниот и здрав животен стил“, истакна Стефковски.
Тој додаде дека годинава настанот се одржува со поддршка на Општина Гази Баба.
„Секој настан, секоја граѓанска иницијатива што носи позитивна енергија, спорт и заедништво – ја има мојата поддршка“, порача Стефковски.