Сте ја сретнале ли вашата сродна душа во погрешно време?

Во моите тинејџерски години, мислев дека сродните души постојат само на начин како што гледаме во филмовите и читаме во книгите. Ми се допаѓаше идејата да постои личност таму некаде во светот која е создадена за мене. 

Денеска, знам дека и да постои таква личност, ништо не е така розово и совршено и дека вистинската љубов бара борба, дури и кога ја градиш со вистинската личност. 

Јас ја запознав мојата сродна душа на аеродром во еден студен град, далеку од мојот. И двајцата имавме долги часови на чекање, па се чинеше дека времето ќе поминува навистина бавно. Но, штом седнавме еден до друг, минутите и часовите минаа многу брзо. Си посакавме збогум и ја посакавме сета среќа на животот, но во тој момент чувството кое ме обзема, мислев дека е поврзано со новогодишните празници и чувството кое ни го даваат аеродромите. Но, времето покажа дека не е така.

Продолживме да комуницираме, да се гледаме речиси секој месец. Си бевме сродни души еден на друг, без сомнеж. Лесно беше, да се разговара, да се видиме, да си бидеме поддршка еден на друг. Се додека веќе не беше. Љубовта не беше доволна.

Поминаа 2 години откако искомунициравме и се видовме за последен пат. 

Јас знам дека тој беше мојата сродна душа, а тој знае дека јас сум неговата. Ќе носиме спомени еден за друг, до крајот на животот, но веројатно се сретнавме во погрешно време и на погрешно место. Едноставно, така требало да биде...