Сте го посетиле ли најевтиниот град во Европа, каде кафето чини само 40 денари?

Најевтин град во Европа, според Post Office Travel Money, е главниот град на соседна Албанија, Тирана. 

Таму, кафе во кафуле би ве чинело 40 денари, додека две ноќевања се вкупно 4000 денари. Како фактори во формирање на ова мислење се земени предвид и цените на јавниот превоз, јадење во ресторан и туристички активности. 

Барометарот за трошоци на градовите (City Cost Barometer) покажал дека во Тирана ќе потрошите најмалку од сите анализирани градови – во просек по 9.000 денари. На второ место на скалата за најповолни европски градови се нашле Катовице на југот на Полска, а на третото место е главниот град на Литванија – Вилнус. Во топ-10 најповолни градови за викенд-одмор се најде и главниот град на Хрватска – и тоа на седмото место. „Пост офис травел мани“ пресметал дека за викенд ви требаат 14.500 денари во Загреб.

Ова истражување е направено првично за британските туристи, кои сакаат да патуваат низ Европа.