Статуи и скулптури ќе ја красат „Рајска градина“ во Аеродром (ГАЛЕРИЈА)

Декоративни елементи во стилот на неокласицизам, павилјон, летниковец, статуи и скулптури во фонтани се предвидени да го красат најавениот парк во општина Аеродром - „Рајска градина“.

 

Фонтани

Паркот ќе се гради со пари на Општина Аеродром, која предвидела дека цената на проектот ќе се движи околу 14 милиони евра, колку што е проценетата вредност на тендерот, и дека „Рајската градина“ треба да биде готова во рок од две години.

Во моментов тече конкурсот за изведувач на изградбата на паркот што во образложението на проектот се оценува како нова туристичка атракција на која ќе позавидуваат многу метрополи и простор за целодневна забава на фамилијата.

Според нацртите на идејното решение за „Рајската градина“, објавени на системот за јавни набавки се гледа дека во паркот се предвидени девет типа на скулптури, меѓу кои се препознатливи реплика на античката Афродита од Милос, позната како Милоска Венера, Нептун, лавови и грифон. За сите нив пишува дека „ќе бидат изработени од бетон, со мотив од македонската историја и традиција“ и одобрена од проектантот на идејното решение.

Фото: БИРН