Староста ќе се прикраде скришум, тивко, полека...

Староста... Ќе ни се прикраде скришум, зад грб. И како со дланките да ни ги покрива очите, нема веднаш да погодиме за што се работи. Нејзините чекори веќе ни се приближуваат.

Ако не ми верувате, сетете се како порано средношколците ви делуваа како возрасни луѓе. Потоа сетете се дека жените на 30 години ги сметавте за тетки, а мажите на 50 години за дедовци. 

Душата воопшто не ја чувствува староста. Само огледалото и луѓето кои ви персираат во продавница, се работите кои ги потврдуваат моите зборови. 

Не треба да се плашиме од староста. Таа не е ништо помалку убава од детството и младоста. Децата го чувствуваат тоа и затоа со нежност се однесуваат кон постарите, како да споделуваат иста тајна.

Старите луѓе им ја возвраќаат на децата истата нежност и наклонетост.

Со Бојжа љубов која доаѓа среде сивилото на постоењето, луѓето секогаш се убави. 

Светот би бил многу досаден и сиромашен кога би го лишиле од убавините на зајдисонцето или прекрасните бои на есенските шуми.

Староста во човечкиот свет е исто како и овие ремек-дела на природата...