Старица тешко повредена во Чаир, во неа удрила запрежна кола

На 07.08.2020 во 11:15 часот било пријавено дека во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ со повреди здобиени од сообраќајна незгода била донесена А.Ц.(80) од Скопје.

Имено, истиот ден околу 10:45 часот на крстосницата од ул.„Кемал Сејфула“, ул.„Вуковарска“ и ул.„Емин Дураку“, жената била удрена од запрежна кола, управувана од засега непознато лице кое по незгодата го напуштило местото на настанот.

На повредената и биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.