Старец од Германија сакал да влезе на Табановце со марихуана кај себе

Лишен од слобода германски државјанин на граничниот премин Табановце, во чие возило била пронајдена марихуана.

Како што информираат од МВР, вчера (19.10.2025) во 12:31 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници гo лишиле од слобода 70-годишниот Р.Е.Р.Л. од Сојузна Република Германија.

При гранични проверки и контрола во возило „фиат” - кампер со германска национална ознака, кое го управувал, пронајдена и одземена е марихуана.

Лицето било задржано во полициска станица и во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.